16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ДОАЃА НЕВРЕМЕ, ЧУВАЈТЕ СЕ: Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени.

Потоа од среда ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд.

Прогноза за 30.08.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 33°C

Умерено облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. На места ќе има услови за појава на краткотраен слаб дожд. UV=7

Прогноза за 31.08.2023
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 33°C

Умерено, а кон крајот на денот значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен правец. UV=7

Прогноза за 01.09.2023
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Променливо облачно, на места со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието каде на места ќе засилува. UV=7

Спонзорирано: