17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски по најавата на Мишел: 2030 година е остварлива цел за членство

Имам желба да дадеме се од себе во смисла на реформите, а во смисла на тоа дека ЕУ ќе најде и смогне сили да го стави проширувањето на својата приоритетна листа, истакна премиерот Димитар Ковачевски на Бледскиот стратешки форум.

-Уверен сум дека Северна Македонија покажа оти може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излеговме како посилна земја и токму затоа во овој момент би рекол дека, во старата смисла од старите земји кандидатки, најдобри сме во многу аспекти во смисла на имлементирање на европското законодавство, микро финансиската стабилност, што е докажано од ЕУ и инструментите на ЕУ. Затоа велам дека 2030 е остварлива како цел, рече премиерот.

Ова следува откако претходно во текот на денот претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел истакна дека ЕУ ќе постави јасна цел и тајминг за процесот на проширување, односно до 2030 година. Според него страните, мислејќи на Брисел и на земјите-кандидати, мора да бидат подготвени за проширувањето предвидено во 2030 година.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

C +

СДСМ: Шамар за скопјани-ВМРО-ДПМНЕ го наградува виновникот за Дрисла со носител на листа во Скопје

C +

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

C +