23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Единствената политика на ДПМНЕ е блокада на интеграцијата

Единствената политика која што ВМРО-ДПМНЕ ја покажува е политика на блокада, на изолација и кочење на процесите што значат подобар живот и интеграција на државата, порача во интервју за ТВ 21 претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тие на почетокот зборуваа, главната реторика беше дека со преговарачката рамка ќе се случела бугаризација и асимилација. Една година подоцна на сите се уверивме дека јас останав Македонец, вие Албанец и сите се тоа што биле, тоа што биле нивните предци и тоа што ќе бидат и нивните деца. Не се случи никаков процес на бугаризација, асимилација итн. Потоа обвинуваа дека јазикот ќе сме го изгубеле, како ЕУ беше обврска да се потпише договорот ФРОНТЕКС на македонски јазик, со сите други јазици на ЕУ одобрен од сите земји членки на ЕУ. Тоа се случи минатата година во октомври. Најново што измислија е диктат, меѓутоа тоа е истата реторика која што 11 години ја користеше тогашната Влада на ВМРО – ДПМНЕ. Тогаш беше грчки диктат, сега е бугарски диктат. Да не заборавиме ние почнавме европски интеграции заедно со Хрватска 2006, денес Хрватска е земја членка на ЕУ, дел од Шенген и земја која воведе евро. А ние дури минатата година ги почнавме преговорите со ЕУ благодарение на оваа Влада. Нашите граѓани не заслужуваат повторно да седат во чекалната како што изјавува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ кој вели ако треба ќе чекаме 10 и 20 и 30 години“ посочи Ковачевски.

Тој додаде дека единствен што им се заканувал на пратениците во Собранието како да гласаат е самиот Мицкоски.

„Ако некој вршел притисок во однос на гласање во Собрание тоа го прави токму претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи да не заборавиме тој бараше нотарски заверени изјави од пратениците дека нема да гласат. Пратеникот има суверено право да гласа, претставник на народот во Собранието не може никој со никаква изјава да го ограничува како ќе гласа, бидејќи ако еднаш се исполни такво одлучување со изјави, тогаш тоа ќе се применува и на други случаи. Ние никогаш не сме чуле во историјата на СДСМ дека некој пратеник требало да потпишува некаква изјава и дека му било вршено притисок, ако некаде постои притисок, ако некој врши притисок, јас сметам дека притисокот е вршен токму од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ врз неговите пратеници“ истакна Ковачевски.