„Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ. Во ДПМНЕ нема никаква промена, Мицкоски е ист како неговиот ментор, Никола Груевски“, велат од СДСМ.
„Цели 11 години Груевски и ДПМНЕ ја држеа земјата во изолација, далеку од ЕУ и НАТО, само и единствено за да го пљачкаат народот, а Мицкоски денес ја продолжува таа анти-НАТО и анти-ЕУ политика.
Мицкоски беше против членството во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ. Без ниту една забелешка за предложената содржина на уставните измени ДПМНЕ се обидува да ја блокира европската иднина на земјата“, соопшти СДСМ.
„ДПМНЕ е антиевропска партија, а Мицкоски дејствува против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди.
Тој сака државата повторно да ја држи во 11 годишна изолација. Прво беше асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат.
Ниту има бугарски диктат ниту, пак, е можно да се репреговара за нов договор. Видовме како Груевски и ДПМНЕ во минатото репгеровараат и како земјата тонеше 11 години.
Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.
Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ и заедно со граѓаните ќе направиме сѐ да ја разбиеме таа блокада и ќе успееме во тоа“, се наведува во соопштението на СДСМ.