23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ на дело да покажат дека се за европска иднина на државата

„Сите партии, а особено ДПМНЕ да дадат поддршка на Манифестот за преговорите со ЕУ, кој претставува добра основа за обединување на европскиот пат и зад кој застанаа СДСМ и сите политички партии од парламентарното мнозинство“, велат од СДСМ.

„Со поддршката на Манифестот и на уставните измени ДПМНЕ и Мицкоски на дело ќе покажат дека се за европската иднина на државата.

Во спротивно, ќе покажат дека сите оние декларативни заложби за ЕУ биле само обичен блеф пред граѓаните, пред домашната и меѓународната јавност“, соопшти СДСМ.

„Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да се престројат на страната на државните и националните интереси.

По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, скриниг процесот се одвива одлично и следно е отворање на првите поглавја за што е потребно усвојување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка.

Време е за глас за Европа во македонското собрание, време е за обединување околу стратешката цел – членство во ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет“, се наведува во соопштението на СДСМ.