21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

261 санкциониран возач во Скопје, 74 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, велат од МВР.

„Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за возење под дејство на алкохол“, соопштуваат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.