9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Во тек е исплатата на пензиите за месец јули

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денес започнува етапната исплата на пензиите за месец јули.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на 31.07.2023 година (понеделник);

За пензии над 14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 31 јули (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК

Халкбанк со Промо депозит по повод месецот на штедење

ДЕСК

Влатко Сулев: Денес повеќе од било кога ни е потребна туристичка промоција!

ДЕСК