23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ВО ТЕК: Спасувачка акција на планината Галичица

Регионалниот ЦУК Охрид денеска попладне координира дел активности со спасителна акција на планината Галичица, којашто заврши успешно. Конкретно, во 16.19 часот преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е примена пријава за изгубените двајца мажи, странски државјани (од кои едниот имал повредена нога) и една жена во Националниот парк „Галичица“, во повисоките делови на истоимената планина. Двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50

Практично, веднаш по дојавата за помош од изгубените, на терен брзо излегла екипата на единицата за спасување на планина од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, којашто е доброволна волонтерска организација, што делува во регионот околу Охридското Езеро, односно на територија на општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Ресен и Поградец. За настанот ЦУК ги извести дежурните во Подрачната едниница на ДЗС, а и во МВР – ЦИК од Охрид.

Лица утрово тргнале од Охрид со сино возило и застанале на паркингот „Г6“, а потоа пешки се упатиле нагоре по пешачкиот дел на Галичица. Почнале да пешачат од 09.30 часот, но лицата се изгубиле по планинските патеки, па попладне се јавиле за помош на 112 во ЦУК, по што веднаш е организирала спасителна акција.

ЦУК извести дека, согласно информацијата од МВР – ЦИК Охрид, изгубените лица се пронајдени и тоа, двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50 на планината. Во спасувачката акција, покрај единиците од планинарска служба Охрид и Ресен учествувала и патрола од Гранична Полиција од Св.Наум.