Нестабилното облачно јадро проследено со пороен дожд, град, електрични празнења и засилен ветер сега навлегува во подрачјето на Кочани и Виница и се движи понатаму кон југоисток и исток.
Уште една нестабилна облачна маса навлегува од територијата на Косово и се очекува да го зафати најисточниот дел на Скопската Котлина и Кумановското подрачје.