23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Меџити на средба со здруженијата на дијабетичари: Ги решаваме напластените проблеми, денес ја потпишав набавката за сензори

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и бремени жени и слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.

Тој за ова ги информираше претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РСМ со кои денеска оствари средба во Министерството за здравство.

Во текот на разговорот каде беа присутни и стручни служби на министерството надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, министерот Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.

„Правиме се во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментов течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од министерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2. “-информираше Меџити.

Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепена комисија при Државна комисија по жалби за јавни набавки – одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки.

Меџити истакна дека по преземање на функцијата максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.