22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Министерот Меџити со вистински избор за директор, Демири почитуван од пациентите и фелата

Клиничката болница Тетово денеска доби нов директор, кој е познат по својата успешна и посветена работа за време на Ковид пандемијата.

Имено, Министерството за здравство информираше дека министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири.

Тој на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за Ковид-19 центарот.

Доктор Демири кој е специјалист инфектолог поседува богато работно искуство, и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор.

Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против Ковид 19 од самиот почеток на пандемијата.

Доктор Демири исто така е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните.

Тој важи за професионалец чиј интерес за пациентите не завршува со работното време, и за човек кој се грижи за нивната состојба постојано.

Доктор Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести.