Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Акција на полицијата денеска: Приведени дилери на дрога во Валандово, пронајдени марихуана и муниција

На 17.07.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Струмица – ОВР Валандово на Валандовско брдо било запрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.А.(27) од с.Дедели, валандовско, и при преглед во возилото пронајдена е торба во која имало седум пакувања и две ќеси со марихуана во количина од 2 килограми. При обид да побегне, З.А. бил лишен од слобода и за случајот е известен јавен обвинител.

Малку подоцна, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, при извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени куршуми и друга муниција.

Во текот на денешниот ден, пак, лишен од слобода бил и Б.О.(22) од Гевгелија со место на живеење во с.Дедели, за кој од истрагата било утврдено дека бил инволвиран во недозволена трговија со наркотична дрога. По документирање на случаите од страна на ОВР Валандово до надлежното ОЈО Гевгелија ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК