16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестБИЗНИСИЗБОР

Македонија не е веќе земја на евтина работна сила

Преку дијалог постигнат е Договор со Синдикатот, Владата на СДСМ од септември оваа година обезбедува покачување на платите во јавниот сектор за 10%. На вработените ќе им биде исплатен и регрес (К-15) за 2023 година, во износ од 10.000 денари, велат од СДСМ.

„Методологијата на плата која ќе се спроведува од март 2025, ќе се добива од просечна плата помножена со коефициент. Во општиот колективен договор ќе се дефинира исплата на минимум К15 од во износ од 30% од просечната нето плата.
СДСМ работи на унапредување на работничките права, зголемување на стандардот на работникот во сите сектори а не само во јавниот сектор“, беше истакнато на прес-коференцијата.

Додаваат дека СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 денари во времето на ДПМНЕ на 20.000 денари.

„Македонија не е веќе земја на евтина работна сила. СДСМ го цени и го вреднува трудот на сите работници. Владата предводена од СДСМ продолжува со економските политики за унапредување на животниот стандард на граѓаните“, кажаа од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27% од контролираните субјекти со утврдени неправилности согласно ЗРГП

ДЕСК

Среќна вест: Тргна исплатата на парите од МОЈ ДДВ, дали ги добивте средствата?

ДЕСК

Приклучете се на ХалкЕко, за активно лето со еко придобивки

ДЕСК