15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Говор на омраза, лаги и закани кон Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ

Извесен Хасан Селмановски (од Охрид, со живеалиште во Дурен, Германија) на својот Фејсбук профил објави лаги, дезинформации, говор на омраза и потикнување дела од омраза кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Со неговите тенденциозни објави на Фејсбук очигледно сака да му наштети на честа и угледот на Дерала, но истовремено и на организацијата ЦИВИЛ.

Не е првпат, напротив, ова е само уште еден од илјадниците објави од овој тип, со кои и личната безбедност на Дерала е под сериозна закана.

Јасно е дека со овие напади (Дерала не единствениот таргет) се насочени, колку лично (ад хоминем), толку и против организацијата ЦИВИЛ и нејзината медиумска платформа. Познато е дека ЦИВИЛ како организација ги промовира човековите права, демократијата, мултикултурализмот, европските вредности и евроатлантската ориентација на земјата. ЦИВИЛ е една од најрелевантните организации за борба против дезинформациите и пропагандата, како и угледна организација за мониторинг на изборните процеси и контрола на оружјето. Оттаму, ваквите оркестрирани напади се насочени токму против вредностите и делувањето на ЦИВИЛ, а со тоа се врши и притисок врз граѓанките и граѓаните, да не се осмелуваат да изразат јавна поддршка на организацијата.

За овој случај се известени и надлежните институции.

Мониторингот тим на ЦИВИЛ

извор Цивил.мк