16. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Битиќи: Расте довербата на бизнисот во институциите, годинава добивме рекордни 432 апликации на компании за поддршка на инвестиции

Фејсбук статус на вицепремиерот Фатмир Битиќи:

Расте довербата на бизнисот во институциите, годинава добивме рекордни 432 апликации на компании за поддршка на инвестиции.
Денес на седница на Владата беше одобрена првата група од 82 договори, додека пак останатите се во процес на евалуација, а кои следните недели ќе бидат завршени.

Со инвестициите на овие 82 компании во нашата економија е започнат ивестициски циклус во вредност од 67.5 милиони евра, кој до неговото завршување ќе создаде 818 нови и добро платени работни места.

Врвен приоритет на Валадата е создавање на стимулативно опкружување за компаниите, да тие влегуваат во нови и одржливи инвестициски циклуси, технолошки да се развиваат и да ја унапредуваат својата конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар, на тој начин поттикнувајќи ја долгорочната економска стабилност.

Новите инвестиции се од витално значење за економијата бидејќи го поттикнуваат економскиот раст, создаваат нови можности за работа, ги стимулираат иновациите, продуктивноста и конкурентноста, што ќе доведе до зголемено производство и повисок животен стандард за граѓаните.
„Инвестирајте и развивајте се, во државата имате партнер, Владата е тука да го поддржи и следи вашиот развој“– е мојата порака до сите компании и домашни и странски.