2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Над 60 граѓани пријавиле штети по силното невреме во Струмица, поплавени и простории на приземје

Над 60 граѓани синоќа пријавиле штети по силното невреме што ја зафати Струмица.

Невремето вчера попладне беше проследено со многу силни, поројни врнежи од дожд, кои траеја околу 1 час, а според УХМР, наврнале 64 литри на квадратен метар, најмногу на територијата на државата.

Од врнежите поплавени беа улиците во долниот дел од градот, и тоа: „Браќа Минкови“, „Ѓорги Василев“, „Иљо Шопов“, „Младинска“, „Климент Охридски“ и „Ката Поцкова“.

Има повеќе од 60 пријави од граѓани до ТППЕ Струмица и на единствениот број за итни случи 112 во ЦУК за поплавени подруми и приземни простории.

До синоќа беше испумпана водата од 50-ина објекти.

Невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имаше вчера и во Битола, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и во Штип.

Можеби ќе ве интересира

Утре, посебен режим на сообраќај во Скопје

C +

Андоновски и Јанчев го означија почетокот на работата на новиот Центар за услуги во Кавадарци

ДЕСК

Герасимовски: Паркот на новинарите го вративме на жителите, целосно уреден, искосен и без отпад

ДЕСК