Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи план, идната наша влада ќе почне решавање на проблемите

„Акцијата „Ова е Македонија за сите“ заврши со посетени 709 населени места од страна на 19 тимови на ВМРО-ДПМНЕ во чиј состав имаше 200 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Нотирани се 18.324 проблеми, најголемиот дел од кои директно зависат од централната власт, која 6 години е нема на барањата на народот“, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Најголемиот дел од руралните места, но и градовите од внатрешноста немаат добра инфраструктурна поврзаност помеѓу себе. Земјоделците немаат откуп за своите производи. Здравството е урнисано. Народот од секој дел од државата бара промени, зошто е повеќе од сигурен дека со СДС и ДУИ може само полошо.

Народот бара решенија, но бара и одговорен пристап. Летово, со дел од тимовите ќе посетам дел од населените места кои веќе еднаш беа посетени во рамки на акцијата. Лично ќе ветам работа, одговорност и посветеност за секое едно населено место во државата и за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе разработи план и стратегија и идната наша влада ќе почне решавање на проблемите, за да се обезбеди подобра иднина за сите“, додава Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК