Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме.
Прогноза за 04.07.2023
Минимална температура: 13°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8
Прогноза за 05.07.2023
Минимална температура: 14°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 34°C
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7
Прогноза за 06.07.2023
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8