„Не е точно дека опозицијата не била повикана, од самиот почеток беше повикана. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ велеше дека нема да учествуваат во работните групи во јануари 2021 година. Бевте повикани на сите средби“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во дебатата со неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во „24 анализа“ на ТВ24.
Каевски додаде дека не е фер ВМРО-ДПМНЕ да кажува дека не биле консултирани, прашани и повикани, бидејќи од самиот старт, СДСМ го нуди тоа.
„Секаде каде што власта и опозицијата работеле заедно на ЕУ агендата било успешно. Хрватска е пример, каде што опозицијата и позицијата настапуваа заедно“ рече Каевски.
Пратеникот од СДСМ рече дека дури и денес Владата ја повикува ВМРО-ДПМНЕ и дури го нуди и премиерското столче, за опозициската партија да биде дел од приказната за ЕУ.
„Ние уште пред да се случи францускиот предлог, пред да започне постапката, ги поканивме ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во целиот процес, дали преку работна група или Мицкоски, бидејќи нема доверба во останатите функционери и сам да учествува. Овој процес ќе е подобар ако имаме консензус за овие прашања“ рече Каевски.