Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Каевски: Постапката за уставни измени ќе влезе во Собрание за 10 до 15 дена, оптимисти сме дека ќе отворен Уставот

„Постапката за уставни измени се очекува да влезе во Собранието во првата половина на следниот месец, односно во следните 10 до 15 дена да започне постапакта. Тоа е кажано и од владини функционери и согласно роковите“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека првото гласање се очекува согласно процедурите и роковите кон крајот на јули, односно пред одморот во Собранието.

„Ние сме оптимисти, согласно последниот став по лидерската средба на Мицкоски, дека ДПМНЕ е спремно да влезе во Влада под одредени услови, кои за нас се прифатливи и очекуваме да продолжи дијалогот“ рече Каевски.

Пратеникот додаде дека по средбите на Мицкоски и Ковачевски со политичари од земјите-членки на ЕУ, ќе продолжат разговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од таму каде што се застана по лидерската средба и дека ќе се дојде до бројката од 80 пратеници потребни за првото гласање.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК