18.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Иванов: Оптимист сум дека ќе преовладее разумот и ќе се најде компромис, бидејќи немаме друга перспектива

Решението што го понуди Ковачевски на лидерската средба беше прифатено, а сега ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се извади дека не било така, оценува новинарот Зоран Иванов за време на трибината „Уставни измени – Исток или Запад“ во организација на Цивил.

-Нивниот лидер беше јасен на прес-конференцијата, но што се случи во наредните неколку часа за да се смени ставот за 180 степени? Еве ќе се вратам и малку историски, сметам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била партија која нудела прогрес за Република Македонија, кажа Иванов.

Тој повтори дека Македонија е држава членка на Обединетите нации и таму е јасен нашиот идентитет и таму е депониран нашиот македонски јазик.

-Се создаде многу магла во јавноста и премногу манипулации, но договор мора да има, бидејќи нема друга перспектива. И СДСМ ќе мора веројатно уште за нешто да попуштат, рече Иванов.

Новинарот кажа дека е оптимист дека ќе преовладее разум.

-Сепак е нејасно кои беа силите во тие неколку часа што го фатија и повлекоа Мицкоски назад, иако прифати и министерски места. Сметам дека со помош на меѓународната заедница ќе се изнајде некакво решение како компромис. Не може ВМРО-ДПМНЕ да биде партијата која ќе ни го штити идентитетот од Бугарите, кога тие личности имаат адреси на некакви бандери на улици во Бугарија. ВМРО треба да расчисти со тие структури, рече Иванов.