11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Јовановиќ: Губиме драгоцено време и тапкаме во место, се надевам ЕУ нема да не симне од листата на настани

Верувам во елементарната рационалност на нашите политичари да ја повлечат земјата кон прогрес, кажа новинарот и медиа директор на „Слободен печат“ Мирослав Јовановиќ за време на трибината „Уставни измени – Исток или Запад“ во организација на Цивил.

-Една од постапките која треба да се спроведе за да тргнеме конечно кон тој прогрес се уставните измени. Доколку тоа не се направи ќе изгубиме повторно многу време, а го плаќаме времето со некои други сметки. Верувам дека рационалноста ќе надвладее, кажа Јовановиќ.

Тој истакна дека се губи драгоцено време и се надева дека Европската Унија еден ден нема да не симне од листата на настани.

-Историскиот контекст и војната во Украина се значајни, но кога во одереден зададен момент нешто треба да се заврши нас тоа не ни оди во прилог, бидејќи секогаш мислиме дека постојано ние можеме да преговараме со Бугарија или со ЕУ и да испаднеме на крај некаков Итар Пејо… Се си има свој временски и историски контекст. Ако се пропушти овој момент ќе се повтори Букурешт 2008 година кога потоа тапкавме во место, а можеше еден проблем да се реши на многу елегантен настан тогаш, рече Јовановиќ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +