24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за нова тура невреме во Македонија: Синоптичарите објавија четиридневна прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и појава на град.

Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 26.06.2023
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. UV=7

Прогноза за 27.06.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните и јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. UV=8

Прогноза за 28.06.2023
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=8