Centar.mk
БИЗНИСвест

Аплицирајте за директни плаќања за женски приплодни грла- маторици

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за женски приплодни грла- маторици.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум пет грла маторица и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за подмерката 2.14 за директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои одгледале, продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2022 година до јануари 2023 година во регистриран кланичен капацитет, запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари по грло.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

Можеби ќе ве интересира

CLOUDFLARE СО 39 ПРОЦЕНТИ ПОВИСОКИ ПРИХОДИ – Компанијата сепак пријави нето-загуба

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОГА ДОАЃА ПОВРАТОТ ОД „МОЈДДВ“ – Државата ќе може да исплати 2.100 денари по лице на скенирачите на сметки за последниот квартал

ДЕСК

ДАЛИ ВО ПЕТОК ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ МЕНУВАЧНИЦА – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци на 6 ноември?

ДЕСК