15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Следниот економско-социјален совет ќе биде отворен за јавноста, нудиме методологија за раст на платите

„Секој бара поединечно решение за раст на платите, но ние рековме дека ни треба системско решение за сите. Блиску сме до утврдување на методологијата и се закажува економско-социјалниот совет кој ќе биде отворен за јавноста за да се види за што дискутираме“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава за МТВ.

Тој додаде дека Владата нуди методологија што ќе биде одржлива, со период на прилагодување, но и јасна цел за тоа до каде ќе стигнат платите во јавната администрација.

„Нема магичен стап, истото го кажав и за време на ковид кризата. Не може да се решат сите проблеми за 24 часа. Треба трпение, дијалог и консензуални решенија кои ќе бидат одржливи“ рече Битиќи.

Вицепремиерот рече дека цела година Владата бара системско решение и дека со синдикатите минатата година ќе се постигнеше решение, доколку тие не го прекинеа дијалогот, бидејќи сметале дека штрајковите се поважни од дијалогот.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК