Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Регионалниот ЦУК Охрид презеде координативни активности за отстранување на опасноста од свлечиште на патот за селата Иванчишта и Ехлоец

Центарот за управување со кризи, по добиена пријава на Единствениот број за итни ситуации 112 за свлечиште – лизгање на земјиште на пат, преку Регионалниот ЦУК Охрид презеде координативни активности за отстранување на опасноста.

Конкретно, по пријавата во ЦУК дека на локалниот патен правец за селата Иванчишта и Ехлоец – Кичево има лизгање на земјиште, што претставува опасност за сообраќајот, иако патот бил прооден, Секторот за операции и координација на ЦУК, преку регионалните локални центри на ЦУК, веднаш го известил Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЕЛС, по што екипа од претпријатието е на терен за санирање на патот.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

ДЕСК

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.