Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Нуркачите тигри пронајдоа возило кое може да биде тоа кое излета во реката Лепенец

Нуркачите тигри пронајдоа возило, но не се знае дали се работи за возилото марка BMW кое излета во Лепенец, дознава Centar.mk неофицијално, но се уште се трага по исчезнатите, меѓу кои и малолетно дете на возраст од 16 години.

Како што претходно објавивме вчера околу 15 часот по судир меѓу скопски туран и косовски бмв, косовското возило излетало во реката лепенец при што едно лице е спасено, а три се исчезнати во водата, која поради невремето се надојдена и матна и пребарувањето на реката е отежнато.

Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатите од вчера се ангажирани сите надлежни институции а тигрите го пребаруваат теренот и од воздух со дрон и со нуркачи.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +