25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Донесувањето на законот за матични броеви за лицата без државјанство ќе помогне 700 граѓани да ги остварат своите права

Министерот Оливер Спасовски одговарајќи денеска на прашањата на новинарите на „Денови на отворен кабинет“ во Струга се осврна на вчерашното носење на законот за матични броеви за лицата кои немаат државјанство со кој над 700 граѓани се стекнуваат со државјанство.

„Тоа е еден од проблемите за кој што многу се зборуваше изминатиот период. Вие знаете дека ние имаме донесено посебен закон за регистрирање на лицата кои што се родени на територијата на државата, а не биле запишани досега во матичните книги на родените. Им се издаваа евиденциони листови со кои што можеа да користат дел од своите права. Меѓутоа благодарение на дебатата која што се разви во Собранието, заедно со институциите, направивме измена на законот, на предлог на пратениците во Собранието, и на тој начин практично се решава проблемот со сите тие седумстотини лица, ќе имаат можност да бидат запишани во матичната книга на родените и на тој начин да ги остварат сите права и обврски кои ги имаат како државјани на Република Северна Македонија.“, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски потенцираше дека носењето на законот претставува решение на еден проблем кој практично ќе ја подобри и меѓународната позиција на Република Северна Македонија.
„Знаете дека ние сме потписници на Конвенцијата за лица без државјанство на Обединетите Нации и работејќи токму на остварување на оваа цел, тоа е крупен чекор којшто е направен овој период.“, истакна Спасовски.