2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

137 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 137 возачи. Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 50 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Утре изолирана појава на пороен дожд и грмежи, понеделник невреме низ речиси цела Македонија – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево – Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија!

ДЕСК

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК