Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петровска и Ѓурчиновски во посета на полигонот Итан Ален на Националната гарда на Вермонт каде беше изведена вежбата „Northern Fallout“

За време на посетата на Вермонт, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го посетија полигонот за обука на Националната Гарда на Вермонт, Итан Ален, каде како домаќин ги пречека командантот на Националната гарда, генералот Грегори Најт.

На тренинг полигонот Итан Ален, министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски имаа можност да ја проследат заедничката вежба на македонските војници од четата за Атомска биолошка и хемиска одбрана и Националната гарда на Вермонт, наречена „Northern Fallout“, која претставува уште еден доказ за силното партнерство и соработка помеѓу вооружените сили на двете земји.

По посетата на воениот полигон, Петровска и Ѓурчиновски ќе ја посетат и воздухопловната база на националната гарда на Вермонт, каде ќе бидат пречекани од командатот на вингот, полковник Даниел Финеган. Посетата на воздухопловната база ќе заврши со полетувања на ловците F-35 на военото воздухопловство на Националната гарда на Вермонт.

Петровска ќе го посети и Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт, каде ќе оствари средба со директорката на центарот, Ерика Борнеман.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.