Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетен кавадарчанец нападнал жена и и’ украл паричник

Малолетник од Кавадарци кој е штитеник на мал групен дом бил приведен поради напад врз жена и грабеж.

„На 07.06.2023 во 11 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник. Тој , исто така, бил пријавен дека на 30.05.2023 се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е“, велат од МВР.

Малолетникот бил предаден на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК