25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи и Габриел разговараа телефонски: Важно е да продолжи дијалогот и да се исполнат договорите помеѓу Македонија и Бугарија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари телефонски разговор со заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел.

Османи упати честитки за именувањето на функцијата пренесувајќи ја притоа подготвеноста за зајакнување на билатералната соработка во духот на добрососедските односи и европските вредности и во интерес на граѓаните на двете земји.

За време на разговорот беше нагласена важноста на продолжување на политичкиот дијалог, ревитализација на меѓуресорската соработка и целосна имплементација на договорот за пријателство, како и протоколот од заедничката меѓувладина комисија.