24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Изгледа како настинка, но може да биде смртоносна: Сè за новата болест која се пренесува преку крлежи

Бабезиозата е многу лесно да се помеша со летната настинка и често е асимптоматска. Експертите предупредуваат дека случаите на инфекција се значително зголемени во САД и дека бабезиозата може да биде опасна по живот.

Први на удар се оние со послаб имунитет.

Некои пациенти развиваат компликации како што се тромбоцитопенија или бубрежна инсуфициенција, а периодот на инкубација е малку подолг, од 36 до 48 часа.

Бабезиозата може да се третира со вообичаено достапни лекови како што се азитромицин и атоваквон, доколку се фатат рано.

„Лајмската болест може да се прошири низ телото од зглобовите до нервниот систем, додека бабезиозата го нема истиот модел на ширење. Сепак, може да биде и опасна по живот“, вели д-р. Прит од клиниката Мајо.

Научниците ги повикуваат државите да го зголемат јавното образование за опасностите од зголемената активност на крлежите. Пониските зимски температури можат да помогнат да се убијат популациите на крлежи, но минатата зима беше блага во поголемиот дел од Соединетите држави, како и низ целиот свет.

Што се однесува до превентивните мерки, избегнувајте места каде вообичаено се наоѓаат крлежи, а ако навистина поминувате време во природа, обидете се да носите долги ракави и облека што ја покрива кожата бидејќи крлежите не можат така да гризат.