Обраќање на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:
Во континуитет сме посветени и сериозно го сфаќаме прашањето на управување со миграците во нашата земја, поради неколку клучни причини од големо значење – управување со добросостојбата и безбедноста на нашите граѓани и националната инфраструктура. Исто така, обезбедување валидност на нашите договори со регионалните и европските земји за ова прашање, но истовремено обезбедување на продолжени канали на солидарност за секој еден мигрант кој влегува на нашите граници.
На крајот на краиштата управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе. Од друга страна пак, една од главните форми на управување со миграциите значи и почитување на нашите закони, бидејќи сите нелегални обиди за влегување во земјата мора и ќе бидат процесирани согласно сите правила и регулативи, со правни процедури кои се правични за сите засегнати страни.
Овој јуни ќе бидеме во Струга, а Преспа Форумот за дијалог ќе биде најдобар можност за споделување мислења за оваа важна тема која има влијание не само врз една земја, туку врз сите земји во светот.