7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Рамо до рамо со граѓаните на Карпош: ЕУ или изолација, време е за финална победа за нашата иднина

Интензивните теренски активности на СДСМ и средби со граѓаните ширум републиката продолжија и денеска.
Во општина Карпош рамо до рамо со граѓаните беа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и Роберт Бекировски.
На маалска средба со карпошани Богоев порача дека е време за финална победа за иднината на земјава, пред се заради доброто на идните генерации.

– Ние, сегашните генерации сме сега должни да одиграме клучна улога и да го направиме финалниот чекор за да ја обезбедиме европската иднина на нашата татковина. Имаме историска шанса која што мора да ја искористиме. Стремежот е европско образование тука, европски можности и вредности на слобода, демократија, правичност и правда тука, во нашата Македонија. Затоа, ова е битка за иднината, за стабилност, за мир, за просперитет и економски напредок. Борба за правда, подобро образование, организирано здравство, повисоки плати и пензии, поубав живот за сите. Ова е борба за младите. Сега е време за финална победа за нашата иднина, рече Богоев.

Изборот на сите политички партии е помеѓу европска иднина и враќање назад, ЕУ или изолација, додаде тој.
– Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација. Eвропски блок за европска иднина или анти-европски блок за изолација. Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил: ЕУ или Левица?, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев денеска од средба со граѓаните на Карпош.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК