Centar.mk
БИЗНИСвест

Започнува соработка меѓу земјоделските инспекторати на Северна Македонија и Италија – заедно до повисоки стандарди во контролата на земјоделските производи

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Северна Македонија м-р Станкоски Јане и директорот на Централниот
инспекциски оддел за заштита на квалитетот и за заштита од измами кај земјоделско-
прехранбените производи при Министерството за земјоделство, прехранбен суверенитет и
шумарство на Република Италија Феличе Асентза, македонскиот и италијанскиот амбасадор, Мемеди и Силвестри, потпишаа
Меморандум за разбирање во областа на контрола на земјоделски производи.

Преку овој Меморандум двете држави ќе воспостават постојан канал на соработка со
цел да се подобрат стандардите за контрола на прехранбените производи, на ознаките на
храната, на органските производи, на географските ознаки за вина, за ароматизирани вина,
за прехранбени производи и за јаки алкохолни пијалоци и на снабдувањето на
земјоделските стопанства.

Меморандумот обезбедува услови за размена на податоци, искуства и добри
практики во насока на заштита на потрошувачите.

Преку размената на искуства се очекува да се зголеми ефикасноста во намалување на нивото на прекршување на законската регулатива поврзана со трговијата на прехранбени производи и со географските ознаки.

Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи да ја унапредува воспоставената пракса во понатамошниот период за одржување на успешна комуникација со другите релевантни органи и институции од регионот и пошироко во Европа.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +