Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

71 годишен битолчанец излетал со мотор, веднаш е пренесен во болница

На 29.05.2023 во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Крушево“ во Битола, А.М.(71) од Битола, управувајќи мопед „априлиа“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.М., констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу автомобил и мотоцикл во Скопје – млад арачиновец итно пренесен во болница, а потоа ќе оди во затвор

ДЕСК

На 29.05.2023 во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лазар Трповски“ со ул.„Методија Митевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од Р.Ј.(28) од с.Арачиново, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. За време на увидот присуствувал и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што Р.Ј. бил лице на издржување казна затвор.

error: Соддржината е заштитена.