Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Најавувам отворен Кабинет за граѓаните во повеќе градови низ државата

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Комуникацијата непосредна со граѓаните, за секое прашање, за прашање на безбедноста е многу важна.

Идејата е Кабинетот во одредени денови да го селиме, наместо во Скопје, еден ден ќе биде во Куманово, Струмица, Охрид, Битола, некој друг град, ќе имаат можност граѓаните, на телефонски број или на маил адреса да закажат можност за средба и да се видат со мене, со директорот, заменикот директор, началниците, за потреби кои тие ги имаат.

Ние можеме сите заедно да сведочиме, медиумите, јас како министер и мојот тим, што значи затвореност на институција, а што значи отвореност на институција. Поминавме низ еден период на транзиција и длабоко сме убедени дека комуникацијата со граѓаните е многу важна да јакне довербата, секој еден да се чувствува како дел од безбедноста.

Да седнеме и разговараме со граѓаните – тоа е начин на функционирање на ова раководство на Министерството. #ОтворенКабинет #МврЗаГраѓаните

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.