Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МакедонијаТОП ВЕСТИ

Битиќи: Ако вистински си ја сакаме татковината заеднички ќе работиме на нова Национална развојна стратегија

За креирање Национална развојна стратегија во земјава имало два обида, а посериозен обид имало во деведесеттите за креирање на една таква стратегија, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во утринската програма на Телма.

-Кога ние почнавме да зборуваме за националната развојна стратегија не е само дека тоа е производ на еден, двајца луѓе туку еден општ консензус, дека е конечно дојдено времето да дадеме појасна визија за сите кои живеат во нашата земја. Предизвиците се големи кои мора да се опфатат и да се работи на нивно решавање, наместо зборување само за секторски стратегии коишто некогаш пак имаат еден сериозен проблем, а тоа е што меѓусебно не се поврзани и не креираат кохезија, кажа Битиќи.

Според него Националната развојна стратегија треба да го даде одговорот на сите предизвици, а тоа е да има јасна визија за земјата за наредните 20 години.

-Каде сакаме да стигнеме во различни области…. не зборуваме само за еден сегмент на општеството и за раст затоа што вообичаено растот е поврзан со економскиот раст. Економскиот раст е инкорпориран во националната развојна стратегија и ова ќе опфати многу нивоа. Така што, да имало напори, за жал спроведување може да кажеме дека немало. Сега концептот е малку поразличен затоа што во сржта на креирањето на националната развојна стратегија е инклузивноста и затоа не е документ кој произлегува за неколку месеци, туку работиме скоро 1,5 година за да стигнеме максимална инклузивност во процесот, додаде вицепремиерот.

Битиќи информира дека во креирањето на оваа стратегија се вклучени национални експерти.

-Кога се правеа мапирање и анализите на 25 области, 28 нациоанални експерти беа вклучени во сето тоа да го направат. Се ревидираат сите тие анализи преку МАНУ, имаше над 30 визионерски работници со над 3000 наши сограѓани итн. Но, ние сакавме целиот процес за да постигнеме инклузивност да почне оттаму каде што инклузивноста е започната а тоа се ООН. Тие се најголемото тело кое соединува се во светот и успешно покажуваат дека може така. Затоа ги замоливме ООН да не бидат покровител туку да ни помогнат во процесот за развојна стратегија. Покровители и носители на процесот се граѓаните. За националната стратегија ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ не само што се на иста линија, туку се на иста маса, заедно работат. Не се само тие единствените, таму се претставници и од другите политички партии, ДУИ, АА, поканети се дури и Левица и други помали партии. Општ консензус, таму се и други чинители, граѓанското општество , таму е бизнис заедницата, академијата. Ова е единствениот начин … за да направите нешто кое што ќе оставите за наредните 20 години ќе се спроведува, истакна Битиќи.

Тој додаде дека ако вистински кажуваме дека си ја сакаме татковината, таа не се сака на друг начин освен ако не се креира заеднички иднината за татковината.

-Дојдено е време сите чинители, туку сите … ние имаме во овој процес целосно од првиот момент кажано дека сакаме заеднички да го направиме ова не е процес кој е воден од една политичка партија. Во секоја стратешка област ќе биде јасно разграничено што е тоа што каде сакаме да стигнеме и тоа е визијата и наредниот период ќе се работи на акцискиот план како тоа да се постигне. Ние отвораме на пример отвораме различни теми секторски, пример животната средина, човечки капитал, образование, владеење на право итн, кои се области во кои ние мораме да кажеме кај сакаме да бидеме. Околу зелената транзиција пример има еден мит којшто изминатите години се развива а тоа е дека не може да се гради затоа што градењето значи загадување и полоша животна средина, што токму во стратегијата ќе го докажеме обратното дека може да се гради, но ако има владеење на право на начин како што сите сакаме, може да имате и зелена околина и убава животна средина и плус инфраструктура и градежни зафати, заклучи Битиќи.