И во следните денови ќе се задржи променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме кога поројниот дожд ќе биде проследен со силен ветер и појава на град.
Прогноза за 26.05.2023
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Прогноза за 27.05.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 26°C
Претпладне променливо облачно со повремен краткотраен дожд. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Прогноза за 28.05.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 25°C
Променливо облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.