25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Белгија, во Брисел оствари средба со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски оцени дека двете земји негуваат отворена и конструктивна соработка и се заблагодари за поддршката на македонските аспирации за членство во Европската Унија и изрази уверување дека поддршката ќе продолжи и за време на белгиското претседателство со ЕУ во првата половина од следната година.