Битна е да се подигне јавната свест кај граѓаните за селектирање на отпадот. Со 26 машини собравме 250 илјади шишиња, очекуваме да собираме и до 400.000 шишиња ако набавиме дополнителни машини. Доколку имаме 400-500 машини во цела држава, тогаш би имале 80 отсто покриеност и собирање на пластичните шишиња. Треба општините исто како во Германија да одвојат буџет за граѓаните кои ќе ги селектираат пластичните шишиња“, истакна Филип Ивановски, од Пакомак, во третата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“, на конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.
Живко Серафимовски, од Нутривет вели дека помошта од Владата е од големо значење за фирмите кои се занимаваат со циркуларна економија.
Во Европа нема неформални собирачи на отпад. Пред 20 години имавме 100 посто отпад од неформалните собирачи, денеска тоа е речиси до 30 посто. Денес самите компании го доставуваат отпадот од хартија. Со тек на времето ќе се подигне свеста кај сите и за неколку години ќе нема да има неформални собирачи на отпад.
Серафимовски и Ивановски сметаат дека неформалните собирачи треба да станат формални, односно да имаат обука и фирма и самите да може да функционираат.
Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД./ Civilmedia