26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Уште со законот за стратешко партнерство со Бехтел и Енка беше предвидено дека ќе се менуваат и други закони

„Законот за стратешко партнерство со Бехтел и Енка, кој е донесен пред две години предвидува дека кога ќе стапи во сила ќе треба да се изменат и други закони заради подобро функционирање“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека законските измени за побрзо и поефикасно градење на Коридорите 8 и 10-д првично беа предложени од страна на пратениците, но опозицијата ги блокираше и не ги свикуваше седници, поради што потоа беа повторно предложени од страна на Владата.

„Во самиот закон пишува дека треба да се синхронизира постапката за да може изведувачот да работи на терен. И без законските измени изведувачот може да го заврши проектот, но тој ќе трае подолго. Со сегашните закони ние имаме административни пречки, бидејќи роковите се подолги“ рече Бочварски.

Министерот додаде дека согласно физибилити студијата проектот има проценета вреднсот од 1,3 милијарди евра, но таа сума може да биде и помала или поголема во зависност од ефикасноста и искористените материјали.

„Ако ние брзо и ефикасно работиме, ако изведувачот добро ја сработи својата задача тогаш можеме на крајот да пресметаме дека проектот ќе чини и помалку од проценетата вредност од 1,3 милијарди евра“ рече Бочварски.