12.8 C
Скопје
29. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Ако брзо и ефикасно работиме и ние и изведувачот Коридорите 8 и 10-д може да чинат и помалку од 1,3 милијарди

„Ако ние брзо и ефикасно работиме, ако изведувачот добро ја сработи својата задача тогаш можеме на крајот да пресметаме дека проектот ќе чини и помалку од проценетата вредност од 1,3 милијарди евра“ рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека согласно физибилити студијата проектот има проценета вредност од 1,3 милијарди евра, но таа сума може да биде помала или поголема во зависност од ефикасноста, искористените материјали и нивната цена.

„Сите институции кога ќе ги синхронизираме да работат брзо и ефикасно согласно овие законски измени ќе имаме брза реализација на терен и тогаш проектот може да чини на крајот помалку или повеќе бидејќи ќе се пресметуваат измерени и утврдени количини од страна на надзорниот орган на терен“ рече Бочварски.

Министерот додаде дека предложените законски измени се за побрзо и поефикасно градење на автопатите и кажа дека ваквите законски измени биле предвидени уште со првиот закон за стратешко партнерство со Бехтел и Енка.