17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАSHOWBIZИЗБОРвест

Почина Ферус Мустафов

По кратко боледување, синоќа почина музичкиот виртуоз и легендарен изведувач на кларинет и саксофон, Ферус Мустафов, од Македонија. Ферус претрпе мозочен удар на 26 април и беше во болницата “8 Септември”.

Социјалните мрежи се исполнети со пораки на простување и сочувство од пријателите и семејството на оваа икона на ромската музика.

Ферус Мустафов беше роден на 20 декември 1950 година во Штип, во ромско семејство с богата музичка традиција. Тој имаше исклучителна кариера, со многу настапи ширум светот и остави огромно наследство во светската музичка сцена. Неговата професионална патека започна на младински години, додека студираше виолина и кларинет во локална музичка академија.

Ферус настапуваше во многу земји и имаше богата дискографија со неколку албуми, претежно со инструментални композиции.

Погребот на Ферус Мустафов ќе се одржи на гробиштато во неговиот роден град.

Нека почива во мир.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +