22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОCENTARТОП ВЕСТИ

Подгответе се за невреме, но и температури до 27 степени – Синоптичарите објавија детална прогноза за следните денови

Под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса од денес следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина во попладневните часови ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Прогноза за 23.05.2023
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Претпладне променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Прогноза за 24.05.2023
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачно, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Прогноза за 25.05.2023
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачно, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК