20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со Левица против ЕУ или ќе се приклучи во проевропскиот блок?

Соопштение на СДСМ:

Иднината на нашата држава е во Европската Унија, граѓаните сакаат да бидат дел и заслужуваат да бидат дел од големото европско семејство.

Време е за глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата.

Одговорност на сите 120 пратеници е да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, за глас за Европа во македонското Собрание.

ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе остане со проруската Левица во антиевропскиот блок или ќе го стави државниот интерес на прво место и ќе се приклучи на проевропскиот блок.

Имаме историска шанса, која треба да се искористи, при силна поддршка од САД и во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.

Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата.

Ризикот од забавување или застапување на европскиот пат е да се вратиме назад, да останеме сами, надвор од процесите, додека другите земји од регионот напредуваат кон ЕУ.

Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности.