25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Најава за активност: Отворен ден за јавноста „Приказ на воздухоплови, возила и опрема кои се дел од вежбата „Брз одговор 23“

Утре (21.05.2023 година), во Куманово, на спортскиот аеродром „ Аџитепе“ во периодот од 11.00 до 14.00 часот, ќе се реализира отворена приказ на средства и опрема на Армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“).

Сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се запознаат со дел од воздухопловите, воените возила и опремата кои се користат од страна на Армиите на Соединетите Американски Држави и на Република Северна Македонија.

На приказот граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со воените хеликоптери од типот „AH-64 APACHE“, транспортен хеликоптер „UH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „CH-47“ (Chinook), транспортен медицински хеликоптер „HH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и оклопни возила „JLTV”, Хермелин и „HMMWV“.

Покрај презентацијата, присутните, преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат со истите.

Ги покануваме граѓаните на Куманово, Скопје и околнината, новинари, сниматели и фоторепортери да ја проследат презентацијата во организација на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка.

Вежбата „Immediate Response 23“ која ќе отпочне од 22.мај ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија, оваа година со учество на Армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно околу 1850 учесници.