Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шаќири: Го јакнеме мировното образование, децата од најрана возраст треба да се учат на неконфликтно однесување

Мировното образование е составен дел на воспитно-образовниот систем, а веќе 13 години Министерството за образование и наука соработува со Детската амбасада Меѓаши во реализацијата на Програмата “Peace Education”. Во обуките за ненасилна комуникација, тимска работа и превенирање на насилство и конфликти досега се вклучени 200 наставници од 14 училишта во државата од 8 градови. Ова беше една од темите на денешната средба на министерот за образование Јетон Шаќири и претседателот и основач на Меѓаши Драги Змијанац.

Министерот Шаќири нагласи дека мировната компонента на образованието треба дополнително да се зајакне, како одговор на актуелните случувања во регионот и заложбите за училиштата како сигурни места за одвивање на воспитно-образовниот процес. За таа цел, во завршна фаза е изработката на модулите за мировно образование, што ќе се реализираат од учебната 2023/2024 година. Исто така, Министерството работи на проширување на програмите за обуки на наставниците, во делот на професионалните компетенции за мировно образование.

Двајцата соговорници се согласија дека исклучително е важно децата од најрана возраст да стекнуваат вредности, знаења, ставови, вештини и однесувања кои ќе им помогнат да спречат појава на конфликти и, доколку се случат, да ги решаваат на мирен начин.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК

Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

ДЕСК

Временска идила: топли денови и сонце во следните три дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.