Државниот пазарен инспекторат во извештајот за овој месец наведе дека биле изврши над 1.100 надзори во фирми.
Биле издадени над 250 прекршочни платни налози во вредност од над 10.580.000 денари, од кои: 90 според Законот за трговијата, 15 според Законот за угостителската дејност, 22 според Законот за заштита од пушењето, 67 според Законот за финансиската дисциплина.
Покрај овие надзори, Државниот пазарен инспекторат постапува и по одлуките донесени од страна на Владата, кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. По овие одлуки, во периодот од 1 мај извршени се над 360 надзори, а издадени се 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1.150.000 денари.
„Сите економски субјекти имаат можност да си ги платат прекршочните платни налози или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои ги констатирале прекршоците“, велат од Инспекторатот.
Ги охрабруваат граѓаните, доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, веднаш да пријават во Инспекторатот. Пријавите може да се поднесуваат по електронски пат на нивната веб-страница.